Дуелот од женската лига меѓу Овче Поле СУ и Ѓорче Петров требаше да биде рутина за гостите, ама на крај си заминаа со пораз, тренерот поднесе оставка, имаше 20 исклучувања, два директни црвени картони, еден син картон…
Домашните ракометарки победија со 23-21. Овче Поле водеше, ама судиите тешко го ставија во ред темпераментот на ракометарките. Првата која доби црвен картон беше Јован Конева уште во 32 минута поради трето исклучување.
Четири минути подоцна Диана Димова реагираше на одлука на судијата за грубиот фаул поради кој доби две минути. Нејзината реакција и зборување продолжи, па судијата и покажа директен црвен картон. Но, Димова продолжи, па во еден момент и го турна судијата… Се разбира си доби син картон, што значи дека ќе има дополнителна пријава и најмалку еден меч неиграње.
Не недостасуваше драма, па во 43 минута имаше и тепачка меѓу играчите. Репрезентативката Англеа Јанкуловска беше грубо фаулирана од Анастасија Сентовска. Двте на паркет почнаа да разменуваа шлаканици, па оправдано добија по две минути. За Јанкуловска тоа беше трето, па мораше да замине на трибините.
А требаше да биде „обичен натпревар“.