Ракометарите на Тиквеш дојдоа до победа на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер 2 и дојдоа до значајни бодови откако денеска одработија одлично и од првата до последната минута беа во предност за конечни 26:24.
Тиквеш врза две победи после враќањето на Горан Андоновски на тренерската позиција, а денешната средба беше показател дека кавадарчани ќе бидат уште поопасни во продолжение од сезоната.
Гостите од Кавадарци го отворија натпреварот со 2:0. Овој добар старт овозможи да се има убаво продолжение на средбата, а брзо беа обезбедени плус четири, 6:2.
Оваа разлика овозможи мирно да се продолжи со натпреварот. Тиквеш постојано беше во водство и имаше контрола така што знаеше како на овој натпревар да издржи во предност. На средина од полувремето имаше и плус пет гола, 10:5, а потоа оваа предност беше одржана уште некое време.
Во завршницата на првото полуреме домашните намалија, но стигнаа до 12:14 што беше најава за интересни втори 30 минути.
Тиквеш остана во позитива и во второто полувреме. Одново беа обезбедени плус пет гола при 23:18. Овие пет гола беа најава за победа. Сепак, домашните во завршница почнаа да намалуваат и стигнаа до негатива и од еден гол.
На минута до крај Еурофарм Пелистер 2 намали на 24:25. Андоновски побара тајм-аут, а неговите момци знаеја како тактички добро да одиграат и да стигнат до триумф. Гошевски погоди во моментите кога можеше да ја загубат топката поради пасивен напад, па со 26:24 Тиквеш си заминува победнички од гостувањето во Битола. На истото место, против истиот ривал и минатата година Тиквеш обезбеди три бода.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА