Монпелје ги заминува од Скопје со бодови и со 10.000 евра (еден бод носи 5.000 евра)
Екипата на Вардар го претрпе првиот пораз сезонава во Лигата на шампионите со 25:31 откако во првите три кола обезбеди две победи и едно реми. Со пет бода котираше високо и се надеваше на уште два бода, но остана далеку откако противникот имаше доминација во текот на сите 60 минути.
Почетокот на натпреварот не беше најдобар за Вардар. Гостите отворија со 2:0, па вардарци мораа брзо да најдат начин да израмнат. Тука следуваше нешто подобра игра од Монпелје, кој уште во 13. минута стигна до плус три, 7:4. Овие три гола разлика не даваа никако позитивен момент.
Иако Вардар стигна до 7:8 премногу брзо работите се вратија на старо и веќе во 24. минута беше 9:12. Во овој период имаше само периоди на добра игра односно периоди во кои имаше некоја одбрана од Ристовски и потоа лесен погодок. Сепак, бавното враќање во одбрана и брзата игра на Монпелје носеше висока предност.
Моментите на игра „7 на 6“ не даваа ништо позитивно бидејќи Монпелје премногу лесно доаѓаше до одбрана и потоа до уште полесни погодоци така што на одмор беше 11:15.
Вториот дел не донесе ништо позитивно во почетните минути. Во првиот напад Монпелје дојде до гол за плус пет. Потоа беше многу тешко да се врати во средбата. На средина од второто полувреме беше доживеан уште потежок удар бидејќи се дојде до 17:23, а тоа беше период во кој голманот Кевин Бонфоа бранеше феноменално или се поставуваше во вистинско време на место.
За момент се чинеше дека Вардар конечно фати ритам, но при нападот за минус три немаше реализација, па како што одминуваше времето така Монпелје зголемуваше. Во 52. минута веќе го имаше и решено победникот откако дојде до 28:20, па на Вардар беше само да се обиде да намали и да го ублажи поразот кој веќе беше тешко да се избегне.
Завршницата донесе неколку одбрани на Томовски за намалување на шест гола негатива и конечни 25:31, но гостите сосема заслужено дојдоа до триумф.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А
ТАБЕЛА