Тимот на ПАОК, каде што настапува македонскиот голман Виктор Гигов, забележа убедлива победа во грчкиот шампионат.
Во Солун беше совладана екипата на Драма со 37-19, а победата беше најавена уште по првиот дел, кога ПАОК водеше со 19-10.
Македонскиот голман, освен што имаше одлична партија на голот, успеа да постигне и еден погодок.
Следен предизвик за ПАОК и Гигов ќе биде гостувањето кај составот на Зафеиракис.