Ракометарите на Вардар Неготино ја забележаа третата победа во третиот натпревар од новата сезона во Првата лига.
Избраниците на Аце Станковски славеа убедливо на гостински терен кај Партизан Гевгелија со 12 погодоци, 22-34.
Триумфот беше најавен уште по првиот дел кога неготинци водеа со 10-16, а во второто полувреме предноста беше дуплирана, па шанса за настап добија и ракометарите од клупата.
Најдобар стрелец кај Вардар Неготино беше Пеовски со 12 погодоци, додека кадетскиот репрезентативец Ташев даде осум гола. Во гевгелискиот состав Димитар и Тодор Узунчеви комбинираа 17 гола.