Охрид дојде до нови бодови после сигурната игра против дебитантот во Супер лигата, Скопје 2020 совладувајќи го со 37:25. Ракометарите кои на овој дуел беа домаќини имаа контрола на резултатот во поголемиот дел од натпреварот иако наидоа на силен отпор од момците од Скопје.
Гостите покажаа дека напредуваат како тим и дека во иднина ќе бидат далеку посилен ривал за секого. Тоа се виде во првите 20 минути кога парираа против Охрид и на моменти беа и во водство 10:9 и 11:10.
Сепак, после оваа предност домашните влегоа во серија од 5:0 и го сменија текот на настаните така што стигнаа до 15:11 и веќе до крајот на првото полувреме оваа предност не беше испуштена. Со тоа на одмор се дојде до 18:15, но играта во финишот од првиот дел најави второ полувреме со целосна контрола.
Она што можеше да се види беше и остварено во продолжението кога Охрид ја зголеми предноста. Набрзина дојде до 23:15 и овие осум гола отворија простор за помирна игра во продолжение.
Разликата се искачи и до плус десет гола така што во последните 15 минути можеше на терен да се најдат и ракометарите со помала минутажа и да добијат можност да одиграат добар дел од средбата во која победникот беше познат многу рано.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА