Екипата на Јуниор КВ во рамките од 3. коло од Групата Б во Првата машка лига оствари убедлива победа против младиот состав на Металург РА со 34:18. Ова беше втора победа во новата сезона за амбициозната екипа од Кисела Вода.
Гостинскиот состав само на почетокот имаше водство од 1:0, а во останатиот дел избраниците на Игор Котевски започнаа со доминацијата на теренот. Со серија од 5:0, Јуниор КВ стигна до водство од 5:1.
Во продолжението, Јуниор КВ постепено ја зголемуваше својата предност. По 20. минути игра резултатот беше 13:5 за домаќините. До крајот на првото полувреме немаше поголема промена на резултатот. Ракометарите на Металург РА беа немоќни во налетот на нивните противници и мораа на полувреме да заминат со негатива од минус девет, 9:18.
Во 40. минута, ракометарите на Јуниор КВ ги искористија сите грешки на противникот за водство од 16 разлика, 26:10. Последните десет минути беа само формалност и рутинска контрола на водството од страна на домашната екипа. Металург РА не успеа да ја преполови разликата и мораше да си замине со висок пораз од денешното гостување.
Најефикасен во победничкиот табор беше Филип Димевски со шест гола, додека по четири постигнаа Андреј Крстевски, Игор Илиевски и Горан Печенковски. Во Металург РА, Драган Стефков и Бојан Гилев беа најефикасни со по четири погодоци.