Ракометарите на Вардар го добија првиот натпревар против Еурофарм Пелистер во Супер машката лига откако на домашен терен успеаја да се изборат за триумф од 29:25. „Црвено-црните“ имаа подобар финиш на првото полувреме и сигурно второ во кое успеаја да дојдат до резултат со кој можеа да се израдуваат на три бода за зацврстување на првото место на табелата.
Почетокот на средбата мина во израмнета игра. И двете екипи се менуваа во водство и така беше дваесетина минути. Немаше многу погодоци, а ракометарите ја одработија својата задача во одбраната на завидно ниво.
После многу менувања во водство во 27 минута дојде до првата шанса за плус два. Вардар успеа да дојде до 12:10, а противникот влезе во серија грешки, па на одмор се замина со 15:11.
Вториот дел донесе игра во која вардарци се обидуваа да ја контролираа предноста обебедена во првото полувреме. Работите одеа според она што се посакуваше бидејќи разликата постојано беше четири или повеќе голови.
Вардар имаше проблеми да се снајде со пивотот Кушан, кој многу лесно доаѓаше до шанса за шут и ја користеше. Секељ бранеше многу подобро и запре три удри од седум метри што донесе простор за намалување на предноста на Вардар.
Иако „црвено-црните“ на моменти имаа и пет и шест разлика, најчесно беше плус четири. Во финишот работите почнаа да се влошуваат, а на пет минути до крајот гостите после одлична серија намалија на само гол разлика. Вардар имаше само 26:25, па Талески зголеми на два разлика, а потоа ракометарите на Еурофарм Пелистер погрешија. Талески со уште два гола практично го реши победникот бидејќи на нешто повеќе од една минута до крајот резултатот беше 29:25. Тоа беше и конечен резултат на оваа средба.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА