Никола Митревски со Порто го освои првиот трофеј сезонава откако во финалето од Суперкупот ја совлдаа екипата на Спортинг со 34:29.
Порто без многу проблеми стигна до победата во финалето, избраниците на Магнус Андерсон доминираа во текот на целиот натпервар. Веќе на половина од првиот дел Порто имаше предност 12:6.
До крај на првите 30 минути продолжи ефикасната игра, а екипата на Спортинг успеа да ја преполови негативата па на полувреме беше 20:17 за Порто. Во продолжението Митревски и соиграчите многу брзо стигнаа до највисоката предност од седум гола, 25:18.
До крај на финалниот натпревар немаа никакви проблеми да ја задржат позитивата и да стигнат до трофејот. Никола Митревски уште еднаш беше дел од триумфот на својот тим, а најефикасен во тимот на Порто беше Итураза со шест гола.