Најтешко за секој клуб е да обезбеди доволно пари за да може да се функционира нормално и да се напредува. Без пари нема квалитет, а без квалитет нема напредок.
Александар Стефанов е најмладиот член на УО на РФМ и спонзор во тимот на Бутел. Во интервју за 24Ракомет Стефанов вели дека постоењето на ваучерскиот систем е добар, но му треба надградување.
„Ваучерите се добра помош за секој клуб, но не се доволни да го достигнеме тоа европско ниво што го сакаме. Ни треба помош, можеби треба некое подобрување во тој начин на помагање. Но, и она што го прави федерацијата е добар чекор да се привлечат и други спонзори. Со континуирано играње на репрезентацијата на големи натпреварувања, на екипите во Европа. Тоа значи дека сме на добра пат да привлечеме нови спонзори, смета Стефанов.
Во моментов Бутел има околу 80 ракометари во сите категории од пионерска, кадетска, младинска и сениорска. Треба што побрзо да се преброди овој период и на децата да им се овозможи што побрзо да се вратат на тренинзите.
„Имаме тешка ситуација бидејќи децата немаат натпревари, потешко беше да се тренира. Мораме побрзо да се вратиме во нормала, бидејќи децата заминуваат од спортот. Сакам што повеќе млади да тренираат, да се занимаваат со спорт. Тоа е една од причините поради која сме во спортот. Колку повеќе млади спортуваат, колку повеќе наш производ вклучуваме во тимот толку е сатисфакцијата поголема, вели Стефанов.
Прочитајте го интервјуто на Александар Стефанов во целост.
ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ: Со Бутел сакам да „скинеме“ бодови и од големите