Македонија ќе има свој претставник на неофицијалното светско клупско првенство, Супер Глоуб во Саудиска Арабија.
Станува збор за поранешниот ракометар на Радовиш и македонски интернационалец во САД, Славе Јовановски, кој со тимот на Сан Франциско, го освои квалификацискиот турнир од зоната на Северна Америка и Кариби за место на Супер Глоуб.
Јовановски и Сан Франциско славеа на дуелите со американскиот Њу Јорк, 29-21 и мексиканскиот Министрос со 31-27.
Досега се познати девет од десет тима што ќе бидат дел од Супер Глоуб во Дамам од 5 до 9 октомври, а последниот учесник ќе биде познат по африканското клупско првенство кое ќе се игра на 10 септември.