Селекциите на Франција и на Шведска имаа одличен ден на Олимписките игри откако успеаја да ги добијат своите натпревари на европските пресметки во 3. коло.
Франција беше подобра за еден гол од составот на Германија, додека Шведска ја совлада селекцијата на Португалија. И за двете ова беше трета победа и значеше четврт-финале.
Три победи имаат и Шпанија и Данска, па веќе се позначи четири четврт-финалисти и во следните две кола треба да биде даден одговорот за пласманот во елиминациите на Олимписките игри.
Според тоа како стојат работите седумте селекции од Европа и Египет најверојатно ќе разигруваат за останување до крајот на Олимписките игри во Токио.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ – МАЖИ
ГРУПА А
РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО
НОРВЕШКА – АРГЕНТИНА 27:23 (13:12) – ИЗВЕШТАЈ
БРАЗИЛ – ШПАНИЈА 25:32 (16:18) – ИЗВЕШТАЈ
ФРАНЦИЈА – ГЕРМАНИЈА 30:29 (16:13) – ИЗВЕШТАЈ
4.КОЛО (ПЕТОК, 30 ЈУЛИ)
02:00ч
АРГЕНТИНА – БРАЗИЛ
07:15ч
ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА
14:30ч
ГЕРМАНИЈА – НОРВЕШКА
ГРУПА Б
РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО
ДАНСКА – БАХРЕИН 31:21 (12:7) – ИЗВЕШТАЈ
ШВЕДСКА – ПОРТУГАЛИЈА 29:28 (14:14) – ИЗВЕШТАЈ
ЈАПОНИЈА – ЕГИПЕТ 29:33 (11:18) – ИЗВЕШТАЈ
4.КОЛО (ПЕТОК, 30 ЈУЛИ)
04:00ч
БАХРЕИН – ЈАПОНИЈА
09:15ч
ШВЕДСКА – ЕГИПЕТ
12:30ч
ПОРТУГАЛИЈА – ДАНСКА