Русинките добија казна: До крајот на игрите нема Инстаграм, Фејсбук и Твитер

Тренерскиот тим на Русија донесе ригорозни мерки за ракометарките откако во првите две кола на Олимписките игри освоија само еден бод, па до крајот на првенството девојките нема да можат да користат социјални мрежи.

Русинките ремизираа против Бразил со 24:24, а потоа загубија во 2. коло од селекцијата на Шведска со 24:36.

Ракометарките беа премногу присутни на Инстаграм, Фејсбук и Твитер каде што редовно имаа фотографии и видеа, па затоа сега падна одлука работите да се изменат односно повеќе да не смеат да ги користат.

Дали ова ќе даде резултат ќе се види веќе на следниот натпревар кој се игра утре во 12:30 часот. Противник на Русија е репрезентацијата на Унгарија.