Одлично познатиот архитект од Јапонија, Кензо Танге кој важи за еден од најдобрите (ако не и најдобриот) архитекти на 20 век после земјотресот во 1963 година беше творец на голем проект за разрушеното Скопје, а од неговите планови беа искористени идеите за Железничката станица и Градскиот ѕид.
Кензо Танге учествуваше и во креирањето на објектите за Олимписките игри во 1964 година кои исто така ќе се користат и сега за овие игри. Салата „Јојоги“ во која ќе се играат натпреварите од турнирот во ракомет е негово дело така што тука ќе може да се следат по шест интересни средби секој ден.
Оваа сала била користена за повеќе спортови во минатото за повеќе спортови. Тука се одржувале натпревари во пливање, кошарка, одбојка, но и првенства во уметничко лизгање. Салата е позната и по големиот концерт на групата Квин во 1985 година.
Први на теренот во салата „Јојоги“ во два часот наутро ќе бидат селекциите на Норвешка и Бразил во машка конкуренција. Тоа е средбата со која се отвора машкиот турнир на игрите.