Репрезентациите ги прават последните подготовки и ги играат последните пријателски натпревари пред стартот на Олимписките игри во Токио.
Денеска пријателски дуел одиграа домаќинот Јапонија и селекцијата на Франција, кој заврши со триумф на Французите со 32-47.
По првиот дел избраниците на Гијом Жил имаа водство од четири погодоци разлика, 14-18.
Франција е во групата A со Норвешка, Шпанија, Германија, Бразил и Аргентина, додека Јапонија е во групата Б со Португалија, Данска, Шведска, Египет и Бахреин.
Ракометните натпревари на Олимпијадата започнуваат на 24 јули.