На 8 јули во словенечкиот град Целје започнува Европското првенство во младинска женска конкуреција.
Нашата репрезентација не е учесник, но Македонија ќе има свои претставници во Словенија.
Станува збор за судиската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски, кои ќе ја делат правдата на натпреварите во Целје. Во улога на делегат ќе биде Драган Начевски.
Од претходно е познато дека на кадетското Европско првенство во Хрватска, Македонија ќе биде претставена од судиската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски.