Поранешниот француски репрезентативец Игор Аниќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Кружниот напаѓач потпиша договор со јапонскиот Даидо Стел и за првпат ќе игра надвор од европскиот континент.
Родениот Мостарец со француски пасош, играше за Монпелје, Кил, Гумерсбах, Сесон Рен, Целје, Нант и Саран.
Со националниот тим има освоено две злата на ЕП во Данска во 2014 година и на СП во Катар 2015 година.