Екс ракометарот на Пелистер и Вардар Јуниор, Ристо Вујачиќ во наредната сезона ќе настапува во нов клуб. Репрезентативецот на Црна Гора ќе продолжи својата кариера да ја гради во Израел.
Преговорите со израелскиот вицешампион, Хапоел Аштод беа успешни, па така десниот бек од Црна Гора во новата сезона ќе настапува во шампионатот на Израел.
Вујачиќ во екипата на Хапоел Аштод ќе пристигне од француската екипа Истр. Во дресот на Истр одигра вкупно 26 официјални натпревари за сезона 2020/2021 и постигна 56 гола.
27 годишниот ракометар пред да направи трансфер во Истр три сезони настапуваше за Рико Рибница од Словенија.
Со екипата од Словенија имаше настапи во ЕХФ Купот. Претходно, беше дел и од македонските екипи, Пелистер и Вардар Јуниор. Го носеше дресот и на Металопластика Шабац од Србија и црногорски Бар.