Екипата на Хановер во новата сезона ќе добие нов тренер, а според германските медиуми главен кандидат за таа позиција е искусниот, Кристијан Прокоп.
Поранешниот селектор на машката репрезентација на Германија се очекува да го наследи, Карлос Ортега во новата сезона. Шпанскиот тренер, Ортега е пред преселба во шампионот од Лигата на шампионите, Барселона.
Од раководството на Хановер не ги коментираат разните шпекулации за тренерската измена во клубот, но во наредниот период би требало да се знае кој ќе ја предводи нивната екипа која во Бундес лигата не се покажа во добро светло оваа сезона.
Кристијан Прокоп ја предводеше репрезентацијата на Германија од 2017 до февруари, 2020. Во својата кариера, Прокоп работеше како тренер во голем број на клубови кои се натпреваруваа во Бундес лигата како Лајпциг, Магдебург и Есен.