Тренерот на голманите во Вардар, Александар Царчев му беше десна рака на Раул Гонзалес во периодот на аклиматизација во Скопје, соработуваа и на клупски план, а потоа тој беше дел од стручниот штаб на Шпанецот и во националниот тим.
Двајцата се толку добри пријатели што честопати се шегуваат на сметка на голманите.
„Се потсетив дека Раул секогаш се шегуваше дека прво е одбраната, па пет-шест метри, па голман. Дека голманот е во втор план. Јас пак му велев дека без добар голман никогаш нема да победи натпревар. И ден денеска му се враќа тоа по глава, еве и на последниот Ф4 во Келн, во полуфиналето, ПСЖ загуби затоа што голманите не му бранеа. Му велам да ме земе за тренер на голмани во Париз за да освои Лига на шампиони, но чудна екипа е тоа, немаат тренер на голмани”, низ смеа вели Царчев.
Во продолжение прочитајте го интервјуто со Александар Царчев.
ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР ЦАРЧЕВ: Голманите се најсилната алка во репрезентацијата!