Де Варгас е МВП, Ривера најдобар стрелец во Лигата на шампионите (ФОТО)

Барселона по шест години повторно се искачи на европскиот трон, откако во финалето од Ф4 турнирот го победи данскиот Алборг со убедливи 36-23.

Еден од клучните фактори за убедливиот триумф на каталонскиот гигант беше голманот Гонзало Перес Де Варгас, кој собра 14 интервенции.

Тој беше прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир во Келн, односно МВП, додека најдобриот стрелец доаѓа од Нант, кој беше последен на Ф4.

Станува збор за шпанското лево крило Валеро Ривера, кој успеа да постигне дури 95 погодоци.