На Чилеанците им „легна“ Скопје – сега младинците дојдоа на подготовки

Машката сениорска репрезентација на Чиле се подготвуваше во Македонија за настапот на Мундијалот во Египет во јануари, а тамошната федерација беше задоволна од условите во Скопје, па реши да испрати уште две свои селекции на подготовки.

Машката младинска селекција на јужноамериканската земја веќе е во македонската метропола од 7 јуни и ќе остане до 22 јуни, а веќе одигра и пријателски натпревар против Работничкки.

Женската младинска репрезентација ќе се подготвува исто така во Скопје од 5 до 15 август, а голема е веројатноста и сениорите по вторпат свои подготовки да имаат во Македонија во следниот период.

Младинските селекции на Чиле се подготвуваат за настап на Пан Американските првенства, што ќе се одржат во ноември.