Црна Гора со три екс вардарки по олимписки медал (ФОТО)

Репрезентацијата на Црна Гора утре ги започнува подготовките за настап на Олимписките игри во Токио. Црногорките ќе се обидат на нивното трето учество на Олимпијадата да го повторат успехот од Олимписките игри во Лондон (2012) и да бидат дел од најдобрите репрезентации на светот.

Црногорките подготовките ќе ги започнат од Подгорица, а ќе учествуваат на силниот турнир во Ерд, од 5 до 8 јули. Таму силите ќе ги одмерат со репрезентациите на Унгарија и Бразил.

Селекторот на Црна Гора, Бојана Поповиќ го објави списокот на повикани ракометарки за настап на Олимписките игри во Токио. Меѓу повиканите ракометарки се и поранешните ракометарки на Вардар, Јованка Радичевиќ, Андреа Кликовац и Итана Грбиќ.

Својот прв настап во Токио, Црна Гора ќе го има на 25 јули против репрезентацијата на Ангола во рамките од А групата. Освен Ангола, противници на Црна Гора се репрезентациите на Холандија, Норвешка, Јапонија и Јужна Кореја.