Капитенот на Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски, по четири сезони си заминува од Битола.
Пред последниот натпревар на битолчани на домашен терен против Охрид, се збогуваа со чуварот на мрежата.
“Еурофарм Пелистер со церемонија пред почетокот на натпреварот против Охрид и свечени подароци го испрати својот капитен Градимир Чаневски. Капитенот на битолскиот клуб заминува на истек на договорот и слободен е да ја избере својата иднина”, напишаа од битолскиот клуб.
Чаневски веќе е во преговори со неколку екипи од Македонија и од странство, и наскоро ќе биде позната неговата следна дестинација.