Тимовите на Металург и Бутел Скопје во “Автокоманда” упатија последен поздрав до прерано починатиот голман Никола Даниловски.
Бутелци носеа маички на кои пишуваше – Почивај во мир Никола Даниловски.
Екс голманот на Металург, Пелистер и Охрид беше пронајден мртов во водите на Охридското Езеро во саботата наутро.
Ракометарите на Металург и Бутел Скопје ќе го одиграат најважниот натпревар оваа сезона за двете екипи. Победникот од овој дуел ќе игра во Лигата на Европа.