Во натпревар без ниту едно исклучување, дури и само еден жолт картон екипата на Јуниор Кисела Вода дојде до победа од 25:16 на гостувањето кај составот на Астраион кој и после 13. коло останува без бодови.
Астраион го имаше првото водство на овој дуел, а водеше со 1:0 и 2:1. Потоа следуваше игра во која гостите направија 5:0 и успеаја да стигнат до водство во кое во ниту еден момент немаше проблеми разликата да се одржува.
На полувреме резултатот беше 15:9 во корист на составот на Јуниор Кисела вода, а овие плус шест од полувремето во продолжение беа зголемени. Водството до крајот беше зголемено до девет гола за конечни 25:16 така што бодовите очекувано завршија кај гостите.
Овој натпревар немаше директно влијание на првите три места на табелата така што двете екипи одиграа мирно и за меѓусебен престиж.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА