Составот на Шампион се избори за три бода на средбата против Пелистер откако стигна до победа од 26:25.
Во поголемиот дел од натпреварот домашните имаа повеќе од играта. Тргнаа со водство од 2:0 и постојано во првите 30 минути беа во позитива која се зголемуваше. До крајот на првото полувреме предноста дојде до шест тола, а тоа беше и највисокото водство.
Вториот дел од натпреварот донесе подобра игра од гостинките, кои успеаја да се изборат за ублажување на поразот. Имаа подобра игра, но освен што намалија на еден гол не можеа повеќе.
Во ниту еден момент резултатот не беше нерешен така што немаше простор за нешто повеќе.
ШАМПИОН – ПЕЛИСТЕР 26:25 (15:9)
Сала: Методија Антонов Ченто во Скопје. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.
ШАМПИОН: Ристевска, Стојановиќ, Јовановска 3, Димитриевска 1, Неделковска 2, Бадаровска, А. Петровска 6, Радуловиќ, Филипова 7, Георгиевска 7, Мурџевска, Урбан, Богоевска, М. Петровска
Седмерци: 8/8, Исклучувања: 12 мин.
ПЕЛИСТЕР: Гецовска, Ѓоргиевска, Тодоровска, Наумовска 2, Дишковска 1, Босиловска 6, Кајческа, Милосављевиќ 7, Шијакоска, Спирковска, Николовска, Белевска 2, Јанкуловска 6, Етемовска 1
Седмерци: 4/6, Исклучувања: 10 мин.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА