Кумановки сакаат сезона без пораз, ја совладаа и Стружанка

Ракометарките на новиот шампион на Македонија, Куманово продолжија со победите во Супер женската лига иако веќе ја прославија титулата во актуелниот шампионат откако денеска ја совладаа и Стружанка со 31:25.

И двете екипи добија по едно полувреме, но клучна беше играта во вториот дел од средбата.

Во првите 30 минути стружанки успеаја да се изборат за предност, но тоа беше минимално водство од само еден гол кое не беше доволно за да може да се има мирно продолжение на средбата.

Во вториот дел после неколку израмнети минути следуваше преземање на контролата на кумановки кои стигнаа и до плус осум при 28:20 и опуштено во завршницата стигнаа до трите бода.

Со оваа победа само продолжи доминацијата, па на кумановки им остана уште една средба непоразени да стигнат до финиш на овој шампионат.

КУМАНОВО – СТРУЖАНКА       31:25 (12:13)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.

КУМАНОВО: Јовановска, Митровиќ, Трајковиќ 4, Ивановска, Мат. Јовановска, Боризовска 2, Шарановиќ 6, Чокели 7, Јанкуловска 3, Кипријановска 9, Димитровска, Цветановска, Краљевски, Бечирхоџиќ, Димитриевска

Седмерци: 1/4, Исклучувања: 6 мин.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ѓокеска, Јовичинац 5, Голабоска 1, Дукоска, Переска 3, Б. Затуроска, Балоска 2, И. Затуроска 4, Ѓоршулеска, Трпеновска, Далипоска, Петреска 1, Делиоска 9

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 2 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080