Норвежаните во одбрана на Гаљего: „Хасан Мустафа е најкорумпираниот спортски лидер во светот“

Рамон Гаљего поднесе оставка од ИХФ поради несогласувањата со претседателот на истата федерација, д-р Хасан Мустафа. Причината поради која Гаљего заминува од ИХФ е мешањето на Мустафа во назначување на судии во натпреварите од скандинавските тимови.

Норвешкиот стручнак, Бент Свеле за норвешката телевизија „ТВ2“ го коментираше конфликтот помеѓу двете страни во најголемата ракометна куќа.

Норвежанецот изјави дека Мустафа е најкорумпираниот спортски лидер во светот.

„Хасан Мустафа е најкорумпираниот спортски лидер во светот! Нема сомневање во тоа. Тој ги прави ФИФА И УЕФА (фудбалски асоцијации) да изгледаат како момчињата од хорот. Тој само се вклопува во редот. Мислам дека е страшно и тажно за нашиот спорт. Нема причина, Мустафа да мисли дека судиите од Скандинавија им даваат предност на некои земји или тимови. Тие судии се најфер и нема сомневање во тоа”, изјави Свеле.

До овој момент, првиот човек на ИХФ, Хасан Мустафа нема излезено со свое соопштение по оставката и обвинувањата од страна на неговиот поранешен колега, Рамон Гаљего.

Се скараа Мустафа и Гаљего: Претседателот не ме почитуваше, се однесуваше со мене како со мало дете