Водечката медицинска организација од Јапонија ги поддржа повиците за откажување на Олимписките игри кои наскоро треба да се одржуваат во нивната земја и во моментов се сè погласни барањата за откажување на Олимпијадата.
Организацијата во своите соопштениjа истакнува дека болниците во Јапонија се исполнети до последните капацитети, а во земјата има скок на новозаразени од Ковид-19. Во средината на месец април, Јапонија го забележа и четвртиот бран на ковид вирусот.
Тие испратија и отворено писмо до премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга и бараат од највисоките власти на државата да го убедат Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да ги откаже Олимписките игри.
Претходно, новинската агенција „Кјудо“ спроведе истражување меѓу јапонските жители, а голем дел од нив истакнаа дека сакаат да бидат откажани Олимписките игри или, пак, да се презакажат за некој подобар период.