Ракометарите на Бразил ќе имаат голем предизвик на Олимписките игри во Токио бидејќи настапуваат во силната А група.
Норвешка, Франција, Германија, Аргентина и Шпанија се нивните противници.
Селекторот на Бразил, Маркус Тата Оливеира го објави списокот на ракометари за настап на Олимписките игри во Токио, а меѓу повиканите се и двајца екс ракометари на Вардар.
Жозе Де Толедо и Рожерио Мораеш ќе имаат шанса со Бразил да го поправат лошиот впечаток на својата селекција од Светското првенство и да обезбедат добар пласман во Токио.
Освен Толедо и Мораше, тука се Тешеира, Чиуфа, Лангаро, Дос Сантос…па Бразил нема да биде лесен ривал за ниту една од репрезентациите.