Ракометарите на Тиквеш забележаа лесна и убедлива победа на гостувањето кај Астраион со 18:37 во натпревар од 9. коло од плеј аутот во Супер лигата.
Во првите седум-осум минути се играше израмнето до резултат 3:3, но потоа гостите постигнаа четири последователни гола за прво повисоко водство. Во 13. минута беше 3:7. Тиквеш во продолжението имаше контрола на играта и резултатот.
После 30 минути игра веќе беше решен победникот, Тиквеш направи двоцифрена предност и имаше недостижни 9:19. На почетокот на второто полувреме продолжи доминацијата на гостите и предноста постојано се зголемуваше.
До крај Тиквеш рутински стигна до бодовите со кои ја сочува лидерската позиција во плеј аутот пред Прилеп. Во следното коло Тиквеш ќе го пречека Младост, а Астраион гостува кај КЛ7.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА