На 85 дена пред почетокот на Летните Олимписки игри во Токио, Меѓународниот олимписки комитет, Oрганизацискиот комитет на игрите и Владата на Јапонија донесоа неколку одлуки за сите спортисти кои ќе пристигнат во Јапонија.
Сите натпреварувачи пред да пристигнат во Јапонија треба да направат два теста на Kовид-19. Покрај тоа, при пристигнувањето во Јапонија секој учесник ќе се тестира секој ден за да се спречи ризикот од ширење на инфекција.
На учесниците ќе им биде забрането да го користат градскиот превоз во Јапонија. Исто така, тие нема да можат да јадат во секој ресторан или да посетуваат секакви места.
Во март, Јапонија забрани влез на странски навивачи за Олимписките игри. Според јапонските медиуми, на почетокот на јуни ќе биде донесена и одлуката за присуство на домашните навивачи.