Романија и годи: Елена Ѓорѓиевска останува во Магура

Капитенот на женската репрезентација, Елена Ѓорѓиевска, и во следната сезона ќе настапува во романскиот шампионат.

Десниот бек се договори за нова едногодишна соработка со нејзиниот актуелен клуб Магура Чиснадие.

Ѓорѓиевска во Романија е како дома со оглед на тоа што две сезони настапуваше за Баја Маре, една за Крајова и сега за Магура, каде што е меѓу најдобрите стрелци.

Тимот од Чиснадие се наоѓа на петтата позиција на табелата со 22 бода по 14 меча и е на добар пат да избори место во европските купови за следната сезона.