Македонската репрезентативка Сара Ристовска ја игра својата втора сезона во ЦСКА Москва, а таа ни потврди дека го продолжува договорот со клубот на уште една сезона.
Интересно е што Русите се сметаат за (по)затворени луѓе кои тешко прифаќаат странци, но Сара делува дека перфектно се адаптирала во средината.
„По првата интернационална сезона во Крим (каде поминав преубава година) се одлучив за она што сметав дека е најдобро за мене – ЦСКА Москва. По две години минати во овој клуб, потпишав нов договор со нив. Буквално се пронајдов во таа средина. Русите ме прифатија како своја, што е сулудо. Тие се многу затворени, но ако ти дозволат да ги запознаеш ќе добиеш сосем различно мислење за нив. Јас успеав да се адаптирам, да се спријателам и со Русинките, иако повеќе се дружам со странците. Ми се допаѓа стилот на ракометот, организацијата во клубот, а и животот во Москва е преубав. Го научив и јазикот брзо затоа што има многу сличности со нашиот. Среќна сум тука и доколку работите останат како што се, не би ми пречело уште многу години да останам во овој клуб.“
Во продолжение прочитајте го комплетното интервју со Сара Ристовска…
ИНТЕРВЈУ САРА РИСТОВСКА: Верувам во мојата генерација! Ние сами си ја градиме шансата и иднината!