Ракометарите на Работнички дојдоа до победа од 31:24 против лидерот во плеј-аут лигата, ГРК Тиквеш и останува на висока позиција во трката за опстанок така што битката ќе биде доста силна до крајот од сезоната. Ова беше прв пораз за ГРК Тиквеш, а со тоа се враќа неизвесноста и за првото место во плеј-аут групата од Супер машката лига.
Од почетокот на натпреварот се виде дека домашните се расположени за надигрување и дека имаат расположени ракометари. Предводени од Тоше Ончев кој делуваше незапирливо од почетокот на средбата беше лесно да се има контрола на овој дуел.
Во првите неколку минути разликата не беше така изразена, но полека се фаќаше ритам во кој се гледаше дека гостите тешко ќе можат да направат нешто повеќе на овој дуел.
На полувреме беше 14:11, а потоа следуваше неколку минути надигрување на почетокот на второто полувреме и комплетна доминација на домашните во последната четвртина од средбата.
Тимот на Работнички го имаше Ончев кој биеше речиси без грешка и лесно ја казнуваше секоја невнимателност и грешка на противникот. Во една таква игра беше обезбедена убава предност во завршниот дел од средбата така што можеше мирно да се одиграат последните минути.
Со оваа победа од 31:24 тимот на Работнички е на само три бода од Тиквеш, а има ист број бодови со Прилеп и КЛ 7 така што тука допрва ќе следува надигрување до крајот на сезоната во која остануваат уште осум кола.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА