Екипите на Бутел Скопје и Металург одиграа нерешено, 23:23 откако во последните напади не успеаја да реализираат и едниот и другиот тим. Во текот на сите 60 минути имаше надигрување, но и грешки на двете страни така што на крајот освојувањето на по еден бод делува како реален епилог.
Од почетокот се влезе во интересен двобој и беше јасно дека нијанси ќе решаваат. Домашните поведоа со 3:0 и ја имаа контролата на натпреварот. Металург играше тешко на почеток, а грешките кои се правеа беа казнувани од домашните. Сепак, полека се фаќаше приклучок, па дојде до израмнување на 5:5.
До крајот на првото полувреме немаше многу големо одвојување на некој тим и разликата беше гол до два. Металург стигна до 11:9 во финишот на првите 30 минути, но не беа зачувани, па на одмор беше само еден гол позитива. Металург имаше предност од 12:11.
Второто полувреме донесе само продолжение на играта која беше прикажана во првиот дел. Ниту едниот ниту другиот состав не успеаја да се истакнат премногу во реализацијата, а имаше грешки и на двете страни. Металург беше во предност долго, но најмногу имаше два позитива.
При резултат 19:20 стартуваше пресвртот. Домашните стигнаа до водство од 21:20, а потоа имаа и 23:21. Сепак, на четири минути до крајот резултатот беше 23:23 откако Хорват и Серафимов реализираа. До последната минута не се случуваше ништо. А тогаш на 15 секунди до крајот Калуѓеровиќ направи чекори. На 11 секунди до крајот Бутел имаше тајм-аут, но ударот на Трифковиќ беше одбрането од Дупјачанец.
На крајот беше нерешено, 23:23, па после дуелот во Струга и овој финишираше без победник.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА