Езерското дерби меѓу Охрид и Струга заврши нерешено, 17-17, а двете екипи поделија по еден бод во драматична завршница. На полувреме исто така беше 8-8 и јасно беше дека до крајот ќе се гледа израмнет натпревар.
По 5-4 за домашниот тим, охриѓани постигнаа три гола во серија преку Блажески, Кривокапиќ и Манасков за 5-7, а беше и 6-8. Домашните не дозволија гостите да се одлепат и со два гола во финишот на полувремето преку искусниот Димитријески и Пајкоски, успеаја да стигна до 8-8, а со тој резултат се замина на пауза.
На стартот на вториот дел продолжи резултатската клацкалка. Стружани беа тие што поведуваа со еден гол разлика, а охриѓани секогаш израмнуваа. Домаќините имаа неколку прилики за првпат да стигнат во мечот и до плус два, но не ги искористија, па казната стигна на спротивната страна. По 14-13, Чагаљ погоди два пати, Даниловски одбрани потоа, а Тот донесе плус два за Охрид, 14-16 на седум минути до крајот.
Стружани згрешија уште еднаш во нападот, но Јовановски одбрани. Со два гола на Рајатовски, Струга израмни на 16-16 за нови возбудувањата во финишот на мечот. Беше 17-17, а потоа двете екипи не реализираа по еден напад.
Охриѓани направија пробивање, па стружани добија шанса од пенал за водство. Николиќ не го реализираше седмерецот и гостите сега имаа последен напад, кој не успеаја да го претворат во гол и мечот заврши нерешено, 17-17.