Македонски арбитри ќе го судат дуелот Словенија – Исланд

На првиот натпревар меѓу репрезентациите на Словенија и Исланд кој треба да се одигра во Љубљана на 17 април правдата ќе ја дели судиска двојка од Македонија.

За овој дуел се делегирани Исмаил Металари и Ненад Николовски. Тие ќе имаат убав натпревар на кој делегат ќе биде Лидија Бојиќ-Чачиќ од Хрватска.

Инаку, засега делегирање има само за првите дуели од баражите за СП 2021 во женска конкуренција, па останува да се види дали можеби ќе има уште некоја судиска двојка од Македонија или можеби делегат кои ќе добијат задача на реванш средбите.

Дуелот меѓу Романија и Македонија во Букурешт ќе го судат Јелена Јаковлевиќ и Вања Антиќ од Србија.