Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 и Охрид одиграа интересен натпревар во 5. коло од Супер машката лига, а на крајот освоија по еден бод откако одиграа нерешено 26:26.
Ова беше средба полна со интересни моменти и пресврти, но и возбудлив финиш во кој паѓаа голови после само неколку секунди. Имаше надигрување после кое, сепак, никој не дојде до победа.
Почетокот на средбата им припадна на домашните кои успеаја да покажат повеќе на теренот. Водеа со со 7:4, а потоа како да застанаа и дозволија гостите да влезат во серија од дури 7:0. Тоа се случуваше во периодот од 13. до 25. минута.
Оттука работите почнаа да се менуваат, а Охрид имаше целосна контрола до крајот на првото полувреме, кое го реши во своја корист со 14:11.
Како што течеа работите во вториот дел од средбата се чинеше дека охриѓани ќе немаат проблеми за да дојдат до нова победа. Играа добро, но нешто недостигаше и тоа се виде во последните минути од средбата.
При резултат 20:22 во 52 минута, дојде до опуштање кај гостите и екипата на Еурофарм Пелистер 2 на четири минути до крај дојде до водство од 23:22. Следуваа две минути без гол, а потоа и супер финиш во кој во две минути паднаа седум гола наизменично.
Охрид имаше победа в раце на осум минути до крај, а потоа се спасуваше и успеа да дојде до реми во последните моменти од средбата со конечни 26:26.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА