Ракометарите на Охрид по големата победа над Металург во претходното коло од суперлигашкиот плеј-оф, имаа уште една причина за радост и славење.
Охрид како град и како клуб вечно ќе остане во добро сеќавање на црногорскиот интернационалец Филип Кривокапиќ.
Тој викендов ја запроси својата девојка Јована Чолиќ и стави крај на ергенскиот живот.
Кривокапиќ на плажата Потпеш со мала цероминија, на која присуствуваа и дел од играчите на Охрид пријатно ја изненади Јована, која кажа „ДА“.