Левото крило на Охрид, Крсте Андоновски, со вашите гласови го избравте за МВП, односно најкорисен играч на 4. коло од суперлигашкото разигрување за титула и за опстанок.
Капитенот на охриѓани беше меѓу најдобрите стрелци во триумфот на тимот на Раде Стојановиќ над Металург и постигна пет погодоци од шест обиди.
Андоновски веќе долго време е меѓу главните играчи на Охрид, а сезонава продолжува во ист ритам и во плеј-офот од Суперлигата.
Тој освои 65% од вкупниот број на гласови, додека второпласираниот Павле Петровиќ од Еурофарм Пелистер 2 имаше 24% од гласовите.