„Кометал Ѓорче Петров беше организиран клуб според европските стандарди“

Поранешната репрезентативка на Македонија, Олга Бујанова почна со тренерска кариера, а пред извесно време беше вклучена во тимот на Динамо Синара, каде ќе биде помошник на Љубов Сидорчева.

Во своето интервју за рускиот портал „Брз Центар“ таа меѓудругото се потсети и на времето во Скопје додека играше за Кометал Ѓорче Петров. Таа зборува за тренерите од советската школа со кои соработуваше во тимот со кој дојде до титулата во Лигата на шампионите во 2002 година.

„Русинот Александар Панов, како и Украинците Леонид Јевтушенко и Андреј Портној беа тренери во Кометал Ѓорче Петров. Клубот беше организиран според европските професионални стандарди. Пристапот на тренерите и играчите кон спортот одговараше на нив. Тоа искуство е неверојатно и ќе биде грешка доколку се откажеме од него“, вели Бујанова.

Бујанова после настапите за Кометал Ѓорче Петров се врати во Русија и настапуваше за тимот кој тогаш се викаше Аква Волгоград. Инаку, Динамо Синара е практично истиот клуб, само со друго име. За Македонија играше и на Европското првенство во 2008 година кога ги иаше последните настапи.