Ракометарите на Вардар губат со 11-21 од унгарскиот Веспрем по првиот дел на осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите.
Македонскиот тим досега има одиграно 36 натпревари во нокаут фазите од елитното натпреварување, а овој е 37 по ред.
Ќе остане запишан како прв елиминациски натпревар на кој „црвено-црните“ ракометари примиле повеќе од 20 погодоци за едно полувреме!
Како играат вардарци во одбрана, до крајот на овој дуел може да срушат уште некој негативен рекорд.