Вардарки со пресврт триумфираа против Гевгелија

Денес продолжија натпреварите од Супер лигата во женска конкуренција и во дуелот помеѓу Гевгелија и Вардар на победа се радуваа вардарки кои триумфираа со 29:24.

Иако Вардар на почетокот на натпреварот имаше солидна предност од 5:2, ракометарките на Гевгелија предводени од Митрова и Митревска се вратија во игра и го израмнија резултатот на 9:9. Падот на играта кај екипата предводена од Драгана Ристова резултираше со неколку серија на голови на домаќинките и нивно водство од 14:13 на полувреме.

Во второто полувреме, Вардар со одличната одбрана и головите на Трпевска и Стефановска стигна до целосен пресврт и работите радикално се сменија во корист за екипата од Скопје. Вардар во последните дваесетина минути го одржуваше стекнатото водство од два до три гола и успеа со денешната победа да остане во борба за врвот на табелата.

Вардар беше предводен од Ивона Трпевска која постигна девет гола. Во составот на Гевгелија се истакна Михаела Митревска со седум гола. Во следното коло, Вардар ќе биде домаќин на Спартак, Гевгелија ќе гостува во Скопје кај Ѓорче Петров.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080