Иако ракометарите и ракометарките, својата кариера најчесто ја завршуваат до 40 години, сепак Жозефин Меркамп докажа дека може да се игра ракомет и во осмата деценија од својот живот.
Со своите 76 години влезе во Гинисовата книга на рекорди, а при пријавувањето за гинисов рекорд имала 75 години. Меркамп настапува за клубот Солинген во регионалната лига во германскиот регион Северна Рајна.
Таа започнала да се занимава со ракомет на 17 години. Иако претходно тренирала атлетика, сепак ракометот го освоил нејзиното срце. Нејзиниот прв официјален настап на ракометните терени бил во далечната 1961 година на 15 мај.
Од појавувањето на првиот натпревар па се до денес, Меркамп има одиграно вкупно 59 сезони во националните лиги на Германија. Како шлаг на целиот нејзин труд ќе биде и нејзината 60-та сезона.
Доколку ситуацијата со корона пандемијата се смири наскоро, а нејзиното здравје биде добро, тогаш не би требало да има никакви проблеми да настапува и следната сезона која ќе биде второ најголемо достигнување по запишувањето во Гинисовата книга на рекорди.