Новиот тренер Иван Марковски вечерва во Автокоманда го одржа првиот тренинг со тимот на Металург.
Марковски смета дека моменталниот пласман на екипата не одговара на квалитетот што го поседува тимот и дека ќе стори се за да го поправи впечатокот што Металург го остави со своите досегашни настапи.
Првиот тест, Металург под водство на новиот стратег, ќе го има веќе в сабота, кога во Автокоманда ќе гостува екипата на Еурофарм Пелистер 2, во рамките на третото коло на македонската Суперлига.