Томовски солиден, Лудвигсхафен загуби во трилер меч од Лемго

Тимот на Лудвигсхафен, каде што брани Мартин Томовски, загуби на домашен терен во драматичен натпревар од Лемго со 24-25.

Гостите водеа во текот на целиот натпревар, во последните десетина минути беше 21-24, но Лудвигсхафен го направи финишот драматичен.

Најпрво израмни на 24-24, пред Лемго преку најдобриот стрелец Елисон да стигне до водство. Имаа домашните шанса за погодок, но не реализираа во последните секунди и победата остана за Лемго.

Томовски одбрани вкупно 7 шута на гостинските ракометари, со 30% успешност на одбранети удари.