Тимот на Синфин Сантандер, каде што игра македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, загуби на гостувањето кај Барселона во Асобал лигата со 44-24.
Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога каталонскиот гигант кој играше со играчите со помала минутажа, обезбеди залиха од 11 погодоци, 25-14.
Во вториот дел предноста беше само дуплирана од страна на домашните ракометари, а гостите немаа шанси да се изборат за попристоен пораз.
Димитриевски беше втор стрелец кај Синфин Сантандер со три погодоци од четири обиди. Кај Барса, Доленец, Пасквал и Фабрегас дадоа по шест гола.