Селекцијата на Германија го потврди своето место на Олимписките игри во Токио што ќе се одржат ова лето.
Иако уште вчера беше јасно, денеска беше официјализиран пласманот на најпрестижното натпреварување со триумфот над Алжир со 34-26.
Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Кун со осум и Генсхајмер со пет погодоци, додека кај Алжир, девет гола даде Зохир.
Вториот патник од оваа група на Олимписките игри ќе биде познат по двобојот меѓу Шведска и Словенија. На светскиот вицепрвак доволно му е реми, додека Словенија мора да оди на победа.